„Играорецот“ од Самоилова тврдина: Ова е албанска земја, ќе продолжиме со обединување на Албанците (ВИДЕО)

Ако развејувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид не требаше да претставува пpoвокaциja, како што првично тврдеа дел од членовите на групата „Арбреши“, тоа дефинитивно прерасна во таква по интервјуто што казнетиот Ѓерг Прекочај го даде за албанската новинска агенција Ilirya News Agency (ИНА).

Во интервјуто, престрого казнетиот културно-уметнички работник Прекочај објаснува дека знамето го истакнале „таму каде што било поставено и во времето на Ѓерг Кастриот Скендербег“, по повод 522-годишнината од една од „битките во кои ги бранел албанските земји“.

Според порталот „Лидер“, групата „Арбреши“ не е само културно-уметничка дружина, туку и eкcтpeмиcтичка група која сонува за Голема Албанија. Или што би рекол Прекочај, кој е еден од водачите, тоа е група која ќе продолжи да работи „за оваа арберска земја, земја на Ѓерг Кастиоти, и за обединување на Албанците каде и да се по светот, и со територии и со мисли“.

Тој порачува дека никогаш нема да запрат со бopбата за „национално обединување“, бидејќи, како што вели, „Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме“.

Целосен превод од интервјуто ќе најдете ТУКА:

 

- Реклама -