Хојт Ји: Западен Балкан и ЕУ да не глумат дека спроведуваат и има реформи, тоа ги охрабрува корумпираните функционери

Проширувањето на Европската унија до 2025 година не само што не е реално, туку е и штетно што Западен Балкан се преправа дека спроведува, а ЕУ дека се спроведуваат реформи, порача поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Брајан Хојт Ји во своето обраќање на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.

Ји ја критикуваше меѓународната заедница поради тоа што моментално нема јасна стратегија за Западниот Балкан и немаат единствен пристап, но и поради тоа што, оценува, ЕУ и САД не му го придаваат потребното значење на проблемот.

„Мораме да знаеме дека ако не реагираме веднаш – нештата ќе станат многу полоши“, подвлекува тој.

Сепак, Ји порачува дека тоа не треба да се прави со „глумење“, како што се прави во моментот.

„Нема потреба од откажување од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен околу тоа какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и дека земјите можат да станат членки до 2025 година не само што им одмага на оние кои треба да ги спроведат реформите, туку и ги охрабрува клептократите и корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години, и така им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат“, заклучува Ји.

 

- Реклама -