Шилегов: На вашите митинзи, Курирци, секогаш има бајаги повеќе ѓубре (ГАЛЕРИЈА)

По објавата на порталот „Курир“ и останатите кои важат за гласила на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека Градот Скопје на чело со градоначалникот Петре Шилегов наводно ги приморува вработените од комунална хигиена да присуствуваат на централниот митинг во Скопје и да му изразат поддршка на кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски, Шилегов на Фејсбук остро ги демантира таквите шпекулации. Притоа, тој проговори и за ѓубрето, како буквалното, така и метафоричното.

Фото: Курир

После ‘невидениот скандал’ што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:

Комунална хигиена со луѓе и опрема беше ‘присутна’ на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.

Хигиената на улиците лесно се воспоставува.
Хигиената во главите на Курирци ?

Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …“, напиша Шилегов, споделувајќи фотографии од оставеното ѓубре по митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова, но и исчистените улици по добро завршената работа на Комунална хигиена.

Повеќе фотографии во постот:

- Реклама -