Home 365 Денес „Комитите“ за преименувањето на стадионот: Прости им, Тоше, не знаат што прават!

„Комитите“ за преименувањето на стадионот: Прости им, Тоше, не знаат што прават!

0
„Комитите“ за преименувањето на стадионот: Прости им, Тоше, не знаат што прават!

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на денешната 129.та седница на Владата било одлучено стадионот „Национална Арена Филип Втори Македонски“ да биде преименуван во „Национална Арена Тоше Проески“.

Со реакција, очекувано, се јавија и од навивачката група „Комити“, кои стадионот го сметаат за свој втор дом. За нив, се чини, не е проблем самото име на стадионот, колку што е проблем тоа што, според нив, се злоупотребува името на нашиот незаменлив и недостижен Тоше Проески:

„Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…

Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!!

Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи? – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…

Прости им Великану, не знаат што прават !!!
#ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ
#ТошеЖивееВечно“, порачуваат „Комитите“ на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here