Зошто не беше интонирана химната при пречекот на Ципрас?

Имаше срдечен пречек, имаше и селфи, но немаше химна. А сепак, интонирањето на химната е вообичаена пракса при секоја официјална посета на високи функционери. Има ли можеби врска тоа што химната се однесува на старото име на државата?

Од Владата, за „Фокус“, велат дека причината е друга. Имено, протоколарните свечености при дочекот биле изоставени поради тоа што авионот на Ципрас слета со задоцнување, а со цел да се добие време за исполнување на работната агенда.

- Реклама -