Климатски промени: На Балканот ќе станува сè потопло, поплавите ќе бидат почести

Еден од водечките експерти на полето на климатските промени – Рикардо Валентини, од Универзитетот Витербо, Италија, предупредува дека просечната температура на Балканот во последните 100 години е зголемена за цел еден Целзиусов степен.

Валентини, на предавањето што го одржа во Нови Сад, истакнува дека сите проекции говорат дека на ова подрачје дождовите ќе бидат сè почести, а со тоа се зголемуваат и условите за поплави.

Според него, сепак, не се работи за локален проблем, туку за глобален. Затоа е потребно, вели, сите земји да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид и останатите стакленички гасови.

Валентини е добитник на Нобелова награда, во улога на член на Одборот на Меѓународните панели за климатски промени.

- Реклама -