Експерт за мешање чај демонстрира како правилно се меша чај (ВИДЕО)

Од рубриката „Сè сме правеле погрешно“, која постои исклучиво благодарение на разноразните сезнајковци и ситничари со пристап до интернет, денеска имаме „како правилно да измешаш чај“.

Според експертот Нил Филипс, луѓето грешат кога при подготовката на чај во загреаната вода додаваат млеко или шеќер па го мешаат во кружни движења. Не! Никако кружни движења; така шеќерот само паѓа на дното, наместо да се растопи, објаснува Филипс за „The Mirror“. Наместо тоа, мешајте го шеќерот со праволиниски движења на лажичката од едниот до другиот крај на шолјата. Така шеќерот целосно ќе се растопи.

Ете, сега и вие ја имате оваа круцијална информација. Се гледаме на врвот!

- Реклама -