Home 365 Денес Харадинај сликан со карта на Голема Албанија на Фејсбук (ФОТО)

Харадинај сликан со карта на Голема Албанија на Фејсбук (ФОТО)

0
Харадинај сликан со карта на Голема Албанија на Фејсбук (ФОТО)

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај повторно ги разбранува страстите во регионот откако во саботата на својот Фејсбук профил објави фотографија на која во позадината стои карта на „Голема Албанија“ и грб на кој пишува „УЧК“. Според српските медиуми, Харадинај преку фотографијата „случајно го открил својот најмрачен план“.

Пред неколку месеци, исто така на Фејсбук, Харадинај напиша дека „границата на Косово кон Албанија не постои“.

„Од денес границата на Косово кон Албанија не постои. Ќе имаме само една заедничка станица. Продолжуваме со работа и во март влегуваме во следната фаза на целосно остранување на границата меѓу Косово и Албанија врз основа на шенгенските принципи“, напиша тогаш косовскиот премиер.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here