„Лажна вест“ било дека Охрид нема да финансира турбофолк

Многумина веста дека Општина Охрид повеќе нема да финансира концерти на балканските естрадни ѕвезди од типот на Цеца, Северина, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена, ја дочекаа со радост, да не речеме (метафорички) чочек. Но, по сè изгледа медиумите погрешно ја разбрале работата, или како што ќе рече Кирил Пецаков – координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, се работи за лажна вест, пренесува „Фокус“.

Имено, одлуката се однесува на сите културни манифестации (а не само на турбофолкерите) и само на периодот од средина на јули до средина на месец август, бидејќи општината заклучила дека во тој период има доволно туристи, а ваквите концерти и манифестации не придонесуваат за нови, ниту пак будат доволно интерес кај веќе присутните туристи во Охрид. Со други зборови, општината проценила дека корист од ваквите концерти имаат само продукциските куќи, а не и градот, па оттаму општината нема интерес во иднина да ги субвенционира истите во екот на сезоната.

Во телефонскиот разговор со „Фокус”, Пецаков потврдува дека Охрид нема ништо против Цеца и компанија. Разговорот прочитајте го ТУКА.

- Реклама -