На денешната, 126-та владина седница, меѓу другото, разгледан и усвоен беше и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Преспанскиот договор.
Согласно истиот, нови имиња добија Македонска информативна агенција (МИА), Електрани на Македонија – ЕЛЕМ и „Македонска пошта“. АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.
Во таа насока е усвоена и предлог одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.
За останатите решенија од 126-тата владина седница, прочитајте ТУКА.