Камера што снима во прво лице – идеална за екстремни спортови

Иако повеќето љубители на екстремни спортови го обожуваат GoPro, најпосле постои и камера која ќе ги снима вашите подвизи во прво лице без да ви пречи.

Овие заштитни очила можат да снимаат видео до 1080p и да прави фотографии од 8 мегапиксели со камера сместена помеѓу вашите очи. Очилата се дело на комапнијата Zeal од Колорадо и се опремени со широкоаголна камера која снима во 170 степени.

Во внатрешноста на очилата има мал екран кој ќе ви овозможи да видите што точно снимате а копчињата се дизајнирани за користење со дебели ракавици. Литиум јонската батерија овозможува 3 часа снимање без прекин.

А како дополнителен бонус и самите очила се доста квалитетни. Тие имаат систем кој спречува замаглување, UV заштита и цврста рамка која ќе спречи кршење на очилата додека го снимате вашиот прв пад и чинат 399 долари.

- Реклама -