7 дена во сандак играјќи онлајн игра

сандакЏордан Вејн Лонг се подготвува за својот летен одмор – седум дена, затворен во сандак, патувајќи од Болд Ноб, Арканзас до Портланд, Орегон. Лонг, „перформанс и видео уметник“ според неговиот вебсајт, планира да патува во сандакот една недела без никаква врска со надворешниот свет, освен преку неговата сметка на Lord of the Rings Online.

Тој вели дека овој подвиг е поврзан со неговото проучување на синдромот на пост-трауматски стрес и механизмите за справување кои се поврзани со овој синдром. Многу од оние кои страдаат од овој синдром бегаат од вистинскиот свет и се повлекуваат во онлајн заедници, каде што можат да измислат нов идентитет за себе и општеството во кое живеат.

И додека концептот е интересен, не е јасно зошто Лонг почувствувал потреба да направи сандак и да се прати себе си по пошта од едниот до другиот крај на САД, со цел да го постигне она што милиони луѓе го прават од удобноста на своите соби. Лонг ќе ја известува јавноста за својот проект преку twitter и неговиот блог. Тој исто така создал блог и за неговиот лик во играта и планира редовно да објавува информации и на него.

Тој ќе игра како “Townsfolk”, џуџе од 40 ниво на Meneldor серверот. Патувањето ќе трае од 1 до 7 јули и ќе заврши со презентација во една од уметничките галерии на Fourteen30 во Портланд. Сандакот во кој ќе патува Лонг ќе биде поставен во камион кој ќе биде возен од неговата пријателка Брејди Робертс. [Man ships himself across the country in a box while gaming online]

- Реклама -