Несреќа кај Ласкарци: Четворица војници одликувани со медал за храброст од претседателот Иванов

Емини Џелал Омер, Реџепи Мухарем Бујамин, Фета Нејази Семир и Саљихи Фихат Сељадин ќе бидат одликувани од претседателот Ѓорге Иванов со медали за храброст, објавено е во Службен весник.

Се работи за четворица професионални војници на АРМ кои, како што се вели во образложението, покажале исклучителна храброст и пожртвуваност со лично несебично залагање при извлекувањето на настраданите од автобусот на Дурмо Турс кој се преврте кај Ласкарци, што придонело за навремено укажување на помош и нивно извлекување.

Извор: Макфакс

 

- Реклама -