ОАЕ тргнуваат амбициозно кон вселената, крајната цел е колонија на Марс за 600.000 жители

На 25 септември годинава, Обединетите Арапски Емирати ќе го испратат својот прв астронаут во вселената. Сè уште не е одлучено кој од двајцата – Хаза ал-Мансури или Султан ал-Наџади, ќе замине на Меѓународната вселенска станица, иако шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум – владетелот на Дубаи, нивните имиња ги објави уште минатиот септември, кога двајцата официјално беа избрани како најдобри кандидати од вкупно 4.000 пријавени. Конечната одлука се очекува во март.

Ова е само првиот и мал чекор од мошне амбициозната вселенска програма што ја планираат ОАЕ, која како главна цел го има, ни помалку ни повеќе – Марс. Имено, според плановите, Емиратите сакаат интензивно да го колонизираат Марс, а најдоцна до 2117 година да изградат целосно функционален град за население од 600.000 жители.

- Реклама -