Садет ја најде Јасмина од автобусот кај Ласкарци, пресреќен е што е жива (ФОТО)

Без да ѝ го знае името, Садет Казими од Ласкарци деновиве безуспешно ја бараше жената на која ѝ помогнал во превртениот автобус на патот Скопје – Тетово. Садет, еден од бројните цивили кои меѓу првите притрчале на помош на местото на несреќата, имал само една желба – да ја најде жива младата жена на која ѝ го спасувал животот.

По неуспешната потрага, Садет побара помош и од министерот за здравство – Венко Филипче. И ја доби, се пофали денес министерот на својот Фејсбук профил.

Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот. 

‘Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам’ – рече Садет. 

Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!“, порача министерот.

- Реклама -