Меѓу загинатите и син на пратеник

Тела на седум од загинатите во ужасната несреќа на автопатот Скопје – Тетово се пренесени во судска медицина за да се изврши обдукција, објави „Макфакс“.

Во несреќата загинаа 13 лица, а 30 се повредени.

Меѓу загинатите, како што објави „Нова ТВ“, е и синот Јовица на пратеникот на СДСМ – Благојче Трпевски.

Неофицијално, очевидци велат дека до несреќата дошло поради пукање на една од гумите на автобусот.

 

- Реклама -