Златото за Токио 2020 ќе се прави од стари мобилни

Организаторите на Олимписките игри во Токио во 2020-та година, до крај на март ќе ја соберат доволната количина на застарени електронски уреди кои ќе бидат рециклирани за производство на олимписките медали.

Медалите ќе бидат направени главно од смартфони, дигитални фотоапарати и лаптопи, поточно од извадените од нив потребни количини бронза, сребро и злато.

Се очекува собирањето да биде комплетирано до 21 март. Потребни се вкупно 2 тона злато, сребро и бронза, за вкупно 5.000 медали, чиј дизајн ќе биде објавен подоцна во текот на годинава.

До Олимписките игри во Токио преостануваат уште нешто повеќе од 500 денови.

- Реклама -