Попладнево до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е поднесена уште една кандидатура за претседател на државата, од движењето „Македонија блокира“. Нивниот кандидат е Филип Петровски од фракционерското крило на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ја прифатив со големо задоволство предлогот и поканата на Македонија Блокира да бидам кандидат на сите овие организации. Ние се боревме бескомпромисно и секојдневно на сите можни места да ја сочуваме и одбраниме Македонија“, вели Филип Петровски во изјава за „ТВ21“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Сега како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека ова е најдобриот пат да се подесе кандидатурата до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и да побараме јавно од нив да се обединат и здружат ВМРО-ДПМНЕ и Македонија Блокира. На тој начин тврдам дека со сигурност ќе победиме на претседателските избори и ќе отпочнеме пат за делегитимирање на насилно наседнатата власт која што загуби на последните парламентарни избори“, рече Петровски.
Јавниот оглас во ВМРО-ДПМНЕ е отворен до полноќ, а фаворитот за кандидат за претседател партијата ќе го соопшти на конвенцијата во Струга на 16 февруари.
виа Независен