Искачување на уникатни карпести формации

карпиДвајца храбри планинари станале првите луѓе што се искачиле на неверојатна карпеста формација во изолиран дел од Чад. Недопрена од луѓето, оваа пустина е дом на неверојатни камени структури кои доминираат над платото Енеди.

карпи„Слободно може да се каже дека бевме како деца во продавница за слатки“ рекол Џими Чин, еден од планинарите кои учествувал во искачувањето. „Ова беше буквално како откривање нов континент за искачувачите. Бев зашеметен од природата и пејсажот.“ Опремени со три возила и снабдени за три недели, 38 годишниот Џими и неговиот тим спиеле во пустината, соочувајќи се со вооружени бандити само за да можат за првпат да се искачат на овие карпи.
карпиПо поминување над 12 илјади километри со авион за да стигнат до земјата, тимот поминал четири дена возејќи стотици километри низ пустината за да стигнат до изолираното и речиси недостапно плато Енеди. Од време на време тие среќавале номади кои јаваат на камили. Покрај Џими во тимот биле уште пет искусните искачувачи, 24 годишниот Британец Џејмс Пирсон, Американците Тим Кеплер, 30, Ренан Озтурк, 30 и Алекс Хонолд, 25 како и добриот пријател на Џими, Марк Синот, 40.
карпиМарк бил оној кој го убедил Џими да се приклучи на експедицијата и покрај тоа што знаел многу малку за карпестите формации. Џими додал: „Никој се нема ни искачувано на овој терен претходно, а не па да го документира искачувањето. Дел од причината за ова е недостапноста на регионот. Марк се има искачувано на Бафинова Земја во Арктикот и во изолирани делови од Централна Азија и нема многу места на кои тој се нема искачувано. Тој нè убеди нас да се приклучиме на експедицијата.“
карпи„Како и секогаш, Марк истражуал за неговата идеја и знаевме дека има луди формации во Енеди. На некој начин ова беше тешко, но знаевме дека кога одиме со Марк, тогаш мора да е тешко, ќе има проблеми, и дефинитивно ќе нè тестира како планинари.“ Велејќи дека патувањето во пустинското плато е како патување назад низ времето, Џими и тимот се сретнале со локално население кое ги поминува деновите криејќи се од високите температури во сламени колиби. „Дури и во декември температурата е екстремна“ вели Џими. „Во лето термометарот се искачува над 47 степени.“ [‘We were like kids in a candy store’: Intrepid climbers are the first to scale uncharted 1,000ft rock structures]

- Реклама -