Кошмари од детството: Нема попрецизно од мајка што те гаѓа со папуча (ВИДЕО)

Меѓу мајките на разгалените и мајките на добро воспитаните деца има една битна разлика – овие вторите точно знаат како треба да ја фрлат папучата за да те погодат, на било која далечина и во било која околност. Од Мексико ни стигнува видео што сосема јасно го документира тој факт.

Имено, ќерка се обидува да избега од својата лута мајка и успева да истрча речиси до другиот крај на улицата, но џабе. Мајката истрчува по неа, а во раката држи папуча. Замавнува, набрзина ги пресметува брзината на ветерот, дистанцата, заобленоста на Земјата, масата на папучата, но и дистанцата што ќерката ќе ја истрча додека папучата е во лет, па испукува. Секунда подоцна папучата стигнува до крајот на зацртаната траекторија и БАМ – право во метата!

- Реклама -