Меган Маркл им ги тенчи нервите на телохранителите: Веќе не смее сама да си ја затвора вратата од колата

Како за кралска снаа, многумина беа воодушевени од приземноста и скромноста на Меган Маркл, која често има обичај сама да ја затвори вратата зад себе кога излегува од кралската лимузина. Сепак, добри се шансите дека тоа никогаш нема да се повтори, барем не ако Маркл ги послуша советите од своето кралско обезбедување.

Имено, таа била предупредена да ја смени својата „лоша“ навика бидејќи е опасна по живот и им создава главоболки на телохранителите на војвотката.

Проблемот е во тоа што вратите на возилата што ги користи кралското семејство автоматски се заклучуваат при затворање. Обезбедувањето целосно ја затвора вратата само откако ќе процени дека е безбедно. Кога тоа го прави самата Маркл, меѓутоа, при евентуален напад – кога секунди можат да одлучуваат за нејзиниот живот, таа не би можела да се врати во возилото, бидејќи вратата зад неа е заклучена.

Загриженоста на кралското обезбедување во последно време е уште поголема поради тоа што Маркл и принцот Хари се мета на закани од радикални десничарски и расистички групации. Британските расисти го обвинуваат принцот дека со бракот со Маркл, чија мајка е афро-американка, тој всушност ја предал белата раса, пренесува британски The Sun.

- Реклама -