Снегот целосно сокри планинарски дом на Алпите (ВИДЕО)

Интересна хеликоптерска снимка од планината Eisenerzer Reichenstein на австриските Алпи. Тоа што би требало да го видите на видеото е планинарскиот дом на три спрата – Reichensteinhütte, сместен на надморска височина од 2136 метри. Меѓутоа, поради обилните врнежи на снег кои го зафатија регионот, наместо планинарскиот дом, ќе видите само огромен куп снег. Единствена трага од објектот се само острите рабови на кровот и дел од терасата.

Покрај ваквите необични глетки, големата количина снег предизвика и низа лавини, а евакуиран е и најблискиот град Eisenerz.

Во меѓувреме, кога не е затрупан со снег, планинарскиот дом изгледа вака:

- Реклама -