Подарок велосипед за децата чии родители ќе се откажат од пушење

Турскиот град Килис спроведува невообичаена кампања која наиде на исклучително позитивни реакции. Имено, децата чии родители ќе престанат да пушат, добиваат подарок велосипед од градот.

Градот неодамна подели велосипеди за уште 500 деца кај кои барем едниот родител престанал да пуши. Свечената церемонија се одржа на локалниот стадион, а при врачувањето на велосипедите, локалниот градоначалник Хасан Кара соопшти дека досега се поделени вкупно 11.5 илјади велосипеди. Со оглед дека кампањата е наречена „15 илјади велосипеди за 15 илјади домови“, за поделба остануваат уште 3.500 велосипеди. Градоначалникот порача дека се надева дека тоа ќе се случи наскоро, а ќе зависи, се разбира, пред сé, од волјата на родителите да се зборгуваат со цигарите и тутунот.

Како што се пофали и самиот Кара, кампањата предизвика огромен интерес, особено на друштвените мрежи, каде илјадници коментираат дека се работи за многу оригинална и позитивна идеја која дефинитивно треба да продолжи, како локално, така и во национални, регионални, па и светски рамки, во смисла и други градови да го следат примерот на Килис.

Е така, драги наши, се создаваат идни Данци и Холанѓани, во смисла на велосипедска култура и развиена екосвест, но и свест за здрав живот кај идните генерации.

- Реклама -