Пилот на спасувачки хеликоптер ја воодушеви јавноста со неверојатен маневар (ВИДЕО)

Делови од Европа се под обилни снежни наноси, на места подлабоки и од два метри. Има дури и загинати, а спасувачките служби се постојано на терен. Над илјада луѓе се завеани и отсечени од остатокот од светот, патишта се блокирани од снегот, но и поради опасност од лавини. Друштвените мрежи и телевизиските канали се преполни со снимки од завеаните делови на Европа, но и од спасувачките акции на завеаните луѓе.

Една таква снимка беше објавена и на британскиот Sky News, но во неа фокусот е на извонредната вештина на пилотот на спасувачкиот хеликоптер, кој изведува исклучително комплициран и ризичен маневар при спасувачка акција на една планина во Франција. Како што ќе видите во видеото, пилотов го контролира хеликоптерот со леснотија што потсетува на возење на автобус, од аспект што буквално го слетува хеликоптерот до „патниците“, овозможувајќи им на спасувачите и спасените директно да се симнат и качат во леталото. Погледнете:

 

- Реклама -