Град Скопје апелира да не се палат огнови за Бадник

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје, стои во соопштението.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат отворени огнови за време на Бадник.

„Апелирам до скопјани да не се палат огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел да ја заштитиме животната средина, а и да го заштитиме амбиенталниот воздух. Да се посветиме на иднината и да водиме сметка за здравјето на децата“ – апелираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов на ланското традиционално собирање на бадникови гранчиња.

- Реклама -