Контролори се силеле и им се заканувале на шоферот и патниците во приватна 22-ка

Корисник на Твитер раскажува за потресното искуство што неговата сопруга го имала денеска околу пладне во автобус приватен „22“, кога шестмина контролори се качиле и вербално ги тероризирале патниците заедно со шоферот. Го пренесуваме раскажаното како што е напишано, за да се долови ситуацијата:

„Жена ми се врати испотресена, мораше да пие хелекс да се смири. Влегла у рендом 22 (приватен, 11:30 тргнал од железничка). Влегле 6 контролори сите жбитаци и им се силеле на патниците и шоферот (еден на шоферот со зборови: „денес у џамија ќе одам, иначе гркланот ќе ти го искинев“).

Никој не смеел да им писне, сите ќутеле. Сите имале платено карта, не фатиле никого. А 3 (факинг три) пати на сите им ги провериле картите. Вербално буквално ги злоставувале патниците, ама дека биле 6 сите ќутеле.

Сакала да ги сними, ама ѝ било страв. Цела се тресе, вика кој ѓавол ме натера, уште еднаш нема да се качам у аутобус, ќе те убијат будаливе“.

Повикуваме надлежните да ја проверат информацијата, и секако, да ги превоспитаат одговорните:

- Реклама -