29 Февруари: Ден кога жената може да го запроси мажот

marry002Во денешно време и не е невообичаено жената да го запроси мажот, меѓутоа порано тоа не можело ниту да се замисли. Сепак, жените имале таква шанса – на 29-ти февруари, односно секоја престапна година жените добивале можност да го запросат човекот на својот живот.


is608-070Во денешно време и не е невообичаено жената да го запроси мажот, меѓутоа порано тоа не можело ниту да се замисли. Сепак, жените имале таква шанса – на 29-ти февруари, односно секоја престапна година жените добивале можност да го запросат човекот на својот живот.

Оваа традиција започнала во петти век, кога света Бриџита се пожалила на свети Патрик дека жените мораат предолго да чекаат да бидат запросени.

Легендата вели дека тогаш свети Патрик заклучил дека идеален ден жените да ги заспросат љубените е 29-ти февруари. Овој ден е наречен Жалбата на света Бриџита. Шкотска во 1288 година прифатила закон што им дозволува на жените тој ден да ги запросат љубените.

Според тој Закон, секој маж кој ќе го одбие просењето на тој ден морал да плати казна. А цената на казната можела да биде само бакнеж, свилен фустан или пар ракавици. Грците од друга страна, пак, се суеверни и веруваат дека двојките кои ќе се венчаат во престапна година ќе бидат несреќни. виа.

- Реклама -