Лидерот на Демократскиот сојуз на Ромите и секогашен пратеник од владејачката коалиција – Амди Бајрам, е еден од пратениците што го поддржуваат Преспанскиот договор и промената на името, како и уставните измени со амандмани во согласност со истиот тој договор. Но во новогодишната порака до граѓаните и политичарите, во изјава за „Пресинг ТВ“, намерно или не, Амди ги повика граѓаните да поддржат, а политичарите да изгласаат, ново име, поново и од новото што уште не е изгласано – „Северна Република Македонија“.
На прашање на новинарот, Амди искоментира и околу честите промени на дресот и значењето на неговиот даден збор:
За оние невнимателните, да потсетиме, Преспанскиот договор предвидува „Република Северна Македонија“. За тоа име се гласаше и на референдум.