„Мистериозна“ експлозија во Њујорк го осветли небото, њујорчани се исплашија од вонземска инвазија (ФОТО/ВИДЕО)

За среќа, не се работи за тоа што прво им прелета во глава на њујорчани во четвртокот вечерта, кога во њујоршкиот кварт Квинс се слушна силна експлозија која го осветли небото и продолжи со зуење и вибрации.

Не, не било инвазија на вонземјани, туку експлозија на трансформатор во локалната трафостаница. Кратко по 21 часот, дошло до краток спој во електричната мрежа, по што дошло до експлозија на трансформаторот и мал пожар. Ситуацијата набрзо е ставена под контрола, а повредени нема.

А сега преправајте се дека не сте го прочитале ова погоре и погледнете ги фотките и (особено) снимките кои њујорчани ги споделуваа до раните утрински часови. Вие што би помислиле?

 

 

 

View this post on Instagram

 

They’re here. 👽👽👽 #nyc #bluelight #wearenotalone

A post shared by Albert Aaron (@albertaaronb) on

https://twitter.com/PineappleLady21/status/1078480919164522496

 

- Реклама -