Комета би можела да биде посјајна од Месечината

Ако предвидувањата на астрономите се точни, празничната сезона следната година ќе биде прекрасна за љубителите на ѕвездите – тие откриле екстремно сјајна комета во близината на Сатурн.

Дури и со моќни телескопи кометата 2012 S1 (ISON) сега е само мала сјајна точка во близина на соѕвездието Рак. Но оваа топка од мраз и карпи би можела да биде видлива со голо око неколку месеци на крајот на 2013 и почетокот на 2014 година – дури би можела да биде посјајна и од Месечината.

Кометата е веќе доста сјајна, со оглед на тоа колку е далеку од Сонцето. Но она што е повпечатливо е дека 2012 S1 ја следи патеката на „Големата Комета од 1680 година“ која сè уште важи за една од најспектакуларните комети видени од Земјата.

„Ако ги исполни очекувањата оваа комета ќе биде една од најсветлите во историјата“ вели астрономот Раминдер Синг Самра од Вселенскиот Центар Х.Р. Мекмилан во Ванкувер, Канада. Што ја прави оваа комета посебна? Многу зависи од тоа колку гас и прав излегува од централното јадро од мраз и камења. Колку е поголем облакот и опашката, толку е посјајна кометата.

Бидејќи 2012 S1 изгледа доста голема – најверојатно околу 3,2 километри – и ќе прелета доста блиску до Сонцето, астрономите предвидуваат дека кометата ќе биде посјајна но не и поголема од Месечината во ноќното небо. [When Comet ISON buzzes the Earth in 2013, it could be brighter than the moon]

- Реклама -