По шише шампањско за сите вработени во француска болница

Службата за реанимација во една болница на југот на Франција добила пријатно божиќно изненадување, пренесува France Info. Анонимен поранешен пациент на одделот на секој од членовите на персоналот им подарил по едно шише шампањско за да ги почасти за Божиќ.

„Ви благодарам што ми подаривте втор живот“, стои во пораката без потпис упатена до докторите и медицинскиот персонал, кои вкупно бројат 60 лица.

Докторите велат дека се многу пријатно изненадени од подарокот и дека тоа дополнително ќе ги мотивира да се борат за пациентите, со оглед дека се работи за мала болница во прилично лоша состојба, особено што се шпекулира дека службата за реанимација ќе биде затворена.

Во Франција празничната атмосфера е во полн ек, поради католичкиот Божиќ, а традиција е, освен на пријателите и колегите, да се подарува и на други луѓе.

- Реклама -