Александар Трајковски, кој неодамна беше фотографиран во Будимпешта во друштво на Никола Груевски, а се правдаше дека бил на преглед на синусите, најверојатно не бил единствениот вработен од Царинската управа на Македонија што бил на средба со екс-премиерот, дознава „Дојче веле“.
Според извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на истиот ден кога Трајковски авионски заминал за Будимпешта, натаму со возило од Скопје тргнале уште две лица. Едното од нив е токму лицето фотографирано во ресторанот во Будимпешта, каде што екипата на унгарскиот „24.hu“ го „улови“ Груевски на ручек. Се работи за лице од Скопје, исто така вработено во Царинската управа на Македонија, но и член на ВМРО-ДПМНЕ, кој не е познат за пошироката јавност. Според изворите, „попознат“ бил братот на посоченото лице. Повеќе детали на Дојче веле.