Совети за идните татковци

Во последните неколку месеци ја мерите базалната температура и сте имале секс според планираното? Или позитивниот тест целосно ве изненади?  Сеедно, вака или така, вие наскоро ќе станете татко.

Можно е претстојните 9 месеци да не сте возбудени, но најверојатно нема да е така, ако замислите што се случува со вашата сопруга. Во нејзиниот организам се случуваат промени: се менува хормонскиот статус, се зголемува телесната тежината, ја мачат киселини и болки во грбот. Токму од вас зависи душевната и физичката удобност на вашата сопруга и вашето бебе:

Ставете се на нејзино место

Постојано сте нервозни и ви се спие, а треба да станете и да одите на работа. Во моментот кога ќе стане жената од кревет, почнува да ѝ се лоши. Како резултат на тоа дури и миењето на забите е проблематично, а појадокот е невозможен. Расположението е лошо, сака да плаче и тагува, а и многу е уморна.

Во првите месеци не одат ниту домашните задачи, ниту службените, а помош од никаде не се гледа. Помогнете ѝ вие. Во некои од случаите е доволно само да ја сослушате, а понекогаш може да пројавите иницијатива и да ги измиете садовите или да ја уклучите правосмукалката.

Останете смирени

Сега треба да сте трпеливи и да попуштите во каков било спор, за тие да не достигнуваат до точка на вриење. Имајте на ум дека вашата жена не треба да доживува силни емоции, бидејќи тоа може да му наштети на бебето.

Давајте ѝ комплименти

Многу жени не се навикнати на присилните промени во својот надворешен изглед. Се вонемируваат поради вишокот килограми, паткастиот од и потечените глуждови. Зборувајте ѝ пријатни работи, како на пример „стомачето ти е убаво“, а непријатните подобро премолчете ги. Секоја бремена жена е убава на свој начин, откријте ја убавината на својата жена во овој период.  Ако е можно, придружувајте ја на консултациите. Секогаш одете да го слушнете срцето на малото бебе, запознајте се со него преку ехо апаратот. Пријавете се заедно на курсеви за идни родители, особено ако мислите да присуствувате на раѓањето. Но, дури и да не е така, овие курсеви ќе ви бидат од корист.

Размислете за финансискиот дел на раѓањето

Планирајте ја потребната сума за медицинската услуга и првите трошоци за бебето.  Шетајте се заедно – и за време на викендите, а и навечер после работа – споделете го тоа задоволство.

Помагајте ѝ

Не дозволувајте да крева нешто тешко и да се уморува, тоа е штетно за неа.  Разговарајте со бебето уште кога е во утробата на мајката – пејте му песни, раскажувајте приказни. Нека го чувствува и вашиот глас – кога ќе се роди, тоа веќе ќе го познава.  Додека жена ви е на породилно, направете чистење на домот, испазарете и подгответе се за дочек на важниот гостин.

Не претерувајте во прославата на раѓањето

Мора да сте свеж, за да ја посетите вашата сопруга следниот ден. Таа веќе не е бремена, но сѐ уште има потреба од вашата поддршка и внимание.

Внимателно подгответе се за денот на испис

Не заборавајте облека (и обувки!) за мајката, спремна облека за бебето, купете цвеќе и наполнете ги батериите на камерата. На роднините кажете им ви посетат друг ден, зашто овој и без тоа е исполнет со возбуда и врева.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -