Адолф ќе расте без мајка и татко

Брачен пар од Банбури, Англија, неонацисти, осудени се на затворска казна од повеќе од пет години.

Адам Томас (22) и Клаудија Пататас (38) се осудени поради членство во забранетата британска неонацистичка терористичка група „Национална акција“, која има „долга историја на насилни расистички верувања“, истакна судијата. „Целта на групата е да се сруши демократијата во земјата преку сериозно насилство и убиство и наметнување на наци-држава која би истребила цели секции од општеството“, заклучи судијата.

Томас е осуден на 6.5 години, а Пататас на 5 години затвор. Покрај нив осудени се уште четворица членови на групата, сите на повеќе од 5 години.

При сослушувањето, пред судот беше изложено и дека Томас и Пататас на своето мало дете му го дале средното име Адолф, во чест на „големиот“ (за нив) Адолф Хитлер. Кај членови од групата биле најдени и фотографии со нивните мали деца на кои тие се облечени во облека од Кју Клукс Клан или опкружени со нацистички симболи. Еден од осудените на Пататас ѝ пратил слика од својата ќерка како салутира во наци стил, со зборовите: „Конечно ја научив да поздравува“.

Кај членовите на групата се најдени и наци облеки, мачети, ножеви, самострели, брошеви, знамиња, перничиња и други предмети со нацистичка симболика, меѓу кои и калап за колачи во форма на кукаст крст…

Томас и Пататас плачеле додека ја слушале пресудата.

Детали на BBC.

- Реклама -