ВИДЕО: Мајчино млеко под микроскоп: „Чудесно!“

Некои го опишуваат мајчиното млеко како „течно злато“, а од оваа снимка на која е гледано под микроскоп, можеби станува појасно и зошто така го нарекуваат.

Малку бекграунд: Помалку познат факт (во последно време тоа се менува) за мајчиното млеко е дека не е константно во составот. Напротив, истиот се менува во зависност од потребите на детето во даден момент, макар и на дневна основа. На пример, ако бебето е болно, во млекото се наоѓаат повеќе антитела кои ќе му помогнат да се избори со болеста. Малку подетално објаснивме кога пишувавме за Малори Смодерс од Арканзас, чија фотографија од вообичаениот изглед на нејзиното млеко, споредена со нејзиното млеко кога бебето ѝ е болно, стана вирална. Погледнете ТУКА.

Во продолжение ве оставаме со видеото на Џен Хауард, која исто така прочитала дека мајчиното млеко се менува во зависност од потребата на бебето, па решила тоа да го сними. Вака изгледа капка од нејзиното мајчино млеко кога бебето ѝ е болно – под микроскоп:

- Реклама -