Најмалата камп приколка во светот (видео)

камп приколкаМоже да биде транспортирана од обичен скутер, долга е два метри, широка 75 сантиметри, накратко, ова е најмалата камп приколка во светот. И покрај малите димензии QTvan чини 5500 британски фунти и има кревет со нормална големина, 19 инчен телевизор, оддел за пијалаци и решо.

камп приколкаДодатоци кои можат да се додадат на основниот модел се соларни панели за покривот, сателитска чинија, конзола за видео игри, пошироки странични ретреовизори за скутерот и боја по нарачка. Производителот вели дека минијатурната камп приколка е толку мала што ако имате потреба можете слободно да влезете во супермаркет.
 камп приколкаПретставник на компанијата изјавил: „Постари лица кои сакаат да имаат добро место за гледање на процесијата на кралската свадба, но не сакаат да поминат цела ноќ на тротар би можеле да купат камп приколка која може да биде влечена од скутер.

{youtube}fHUL1ZnLZ-c{/youtube}

- Реклама -