Не е за тие со слабо срце: Колку чинат деловите за Bugatti Veyron?

Една од причините што не гледате улици преплавени со Bugatti Veyron, освен високата цена на самиот автомобил, е и високата цена на неговото сервисирање и резервни делови.

Првиот „хиперспортист“ на Bugatti од новата ера наполни 10 години, па доаѓа време и за сервис. А во превод, тоа значи трошоци на ниво на ново Porsche, па и Ferrari. Дека возењето Bugatti е исклучително скапо јасно стана и набрзо по лансирањето, но откако се дознаа цените на некои од основните делови – како гуми, кочници и масло, излегува дека возењето на Veyron по километар ве чини како да возите рели болид. Оттаму, не е чудно што сопствениците и ден денес своите автомобили од моделот до тркачките стази ги носат со камиони, иако моделот веќе доживува релативна старост.

А и деловите сé уште не се евтини. Благодарение на објавената апликација за сертификација при EPA од 2014 година, може да се види колку чинат одредени делови. Да почнеме од најскапите; Резервоар за гориво од 17.904 евра и уште 20.000 евра за самото вградување. Со оваа сума веќе можете да купите доста автомобили од соништата, и тоа на ново. Понатаму, издувниот систем – чини колку уште еден нов солиден автомобил. Ако треба да смените турбина, а имајте предвид дека се четири, секоја ќе ве чини по 5.640 евра. Ако замените две ќе ве чини 8.000 евра. Ладилникот чини 7917 евра, а за работна рака ќе платите 1.800 евра. Ги има два.

Забележувате, и цената на работната рака е импресивна. На пример, сензорот за притисок е идентичен со оној на Golf GTI и чини 1.650 евра, но за да ви го заменат во Bugatti ќе ви наплатат 1.600 евра. Сензорот за позиционирање на брегаста осовина, пак, чини многу поволни 7.92 евра и е ист како тој на Golf, но неговата замена во Bugatti ќе ве чини неверојатни 5.200 евра. Судејќи по цените, сервисерите на Bugatti мора да имаат златни раце.

via Index.hr

- Реклама -