За време на вчерашниот протест на „МАКЕДОНИЈА БОЈКОТИРА“, адвокатот Александар Тортевски сакал со кола да помине покрај демонстрантите, но тие не му дозволиле. Според едните, Тортевски агресивно се впуштил со кола кон демонстрантите, па дури се заканил и дека ќе ги прегази, на што тие жестоко реагирале. Според другата страна, Тортевски бил непотребно нападнат, па морала да интервенира полицијата.
Еден од демонстрантите го снимил инцидентот на камера. Не гарантираме дека е прикажан целиот контекст и како ситуацијата ескалирала до тука, ама гарантираме дека видеото содржи непримерно и сочно изразување: