Скопје не се предава, и вечерва е во ТОП 10

Според листата на AirVisual на најзагадени градови во светот според индексот на квалитетот на воздухот (AQI), Скопје вечерва повторно е во Топ 10, поточно на седмото место, за кое е во тесна борба со Софија (Бугарија), Сараево (БиХ) и Момбај (Индија).

Од позагадените, од регионов е само Приштина, која е на 4. место, а останатите градови се од земјите од „третиот свет“.

Скопје и синоќа беше 7-мо најзагадено во светот, но се искачи и до 5-тото место.

 

- Реклама -