Најлуксузниот воз на светот – патување со Седум ѕвезди (ВИДЕО)

Некои патувања бараат многу порано планирање, ама за да патувате со Seven Stars („Седум ѕвезди“, или на јапонски „NANATSUBOSHI“) – првиот луксузен воз во Јапонија, не само што ви треба планирање, туку и многу среќа.

За да резервирате еден од 14-те апартмани во возот, морате да учествувате во лотаријата која се одржува неколку месеци порано. На пример, пријавувањата се веќе затворени за патувањата во периодот меѓу октомври 2018-та и февруари 2019-та.

Возот патува преку островот Кјушу, кој е најблиску до контитенталниот дел на земјата, а е познат по термалните извори и е дом на вулкански врвови, плажи, како и градовите Фукуока и Нагасаки.

Седумте вагони на возот се уредени со ентериер од Еиџи Митоока – кој прави спој од традиционални јапонски мотиви и западни елементи. Митоока вклучува дрвена постава, луксузни ткаенини и комплексни гравури.

Возот располага со два луксузни апартмани, од кои секој има уникатен дизајн и може да прими до три гости.

При патувањето, патниците имаат можност да се насладуваат на сезонската кујна, но и на коктели, додека истовремено слушаат музика во живо во вагонот наречен Blue Moon („Сина месечина“). Се разбира, за сето тоа време уживате во прекрасните пејзажи на околината низ која поминува рутата.

Патувањата траат од два дена и една ноќ до четири дена и три ноќи. Се нудат и патувања од шест дена со пет ноќевања, кои вклучуваат и разни тури и дегустации на вино.

Возот собира максимум 30 патници, а цените се движат од 2900 долари па нагоре.

- Реклама -