Туризмот во 2018-та: Малку планинарење, малку чекање во ред за селфи (ФОТО)

Кога ќе го видите местово на интернет, сигурно и вие ќе посакате да застанете да поуживате на сртов, па и да штракнете едно селфи, секако. Но ако навистина отидете, ќе ве дочека не толку смирувачка и прекрасна реалност.

Роевиот врв (Roy’s Peak), сместен меѓу градот Ванака и заливот Glendhu, важи за „најинстаграмабилната локација во Нов Зеланд“. Со други зборови, тоа е популарна туристичка точка каде патниците позираат за потоа да споделат на Инстаграм.

Меѓутоа, на Reddit беше објавена и фотографија што ја покажува другата страна на Роевиот врв – долгата редица од планинари што чекаат за да позираат за селфи на Инстаграм.

Интересното е што за да стигнете до овој прекрасен поглед на езерото Ванака и националниот парк „Mount Aspiring“ во позадината, морате да пешачите речиси цел ден. А за селфи обично се чека „барем саат време“, вели Reddit корисникот Tombo_64 кој ја објави фотографијата. Вели дека нему му се посреќило, па завршил работа за нешто побрзо.

- Реклама -