Најголемата крава во Австралија прогласена за „преголема за кланица“

7-годишно теле од фармата на Џоф Пирсон во Западна Австралија, се прослави во австралиските и светските медиуми откако куртули од кланица бидејќи беше прогласено за преголемо за да биде продадено на аукција.

Како што се пожалиле потенцијалните купувачи, телето по име Никерс (Knickers) e толку големо што не го собира во стандардната фармерска опрема, a уште помалку во погоните на кланиците.

Никерс е теле од видот Холштајн Фресијан, и е висок неверојатни 194 сантиметри, а тежок 1400 килограми. Се смета за најголемата крава во Австралија.

Сепак, Никерс не е најголемата крава во светот. Таа титула ѝ припаѓа на крава од Италија, висока 2 метри и 27 милиметри.

- Реклама -