„Мораме да ги лажеме децата дека се суперхерои“: Скопје – најзагадениот главен град во Европа

„Мамо, зошто пак морам да го носам ова? Ме боли устата“, ѝ вели 5-годишниот Норик на мајка му Игбал пред да му стави детска маска против загадување на лицето.

Игбал Ферати – финансиски експерт која живее во Скопје, секој работен ден заедно со Норик на патот до градинка пешачи по улиците на центарот на Скопје – град кој често бележи опасни нивоа на загаденост на воздухот.

„Навистина сум исплашена за здравјето на моето дете и секогаш го проверувам нивото на загадување преку мобилната апликација MojVozduh пред излегување надвор. Особено во зима, кога загадувањето на воздухот се влошува, едноставно не можам да го пуштам Норик надвор, а знам и родители што во одредени денови дури и не ги пуштаат децата да одат во училиште за да не бидат изложени на аерозагадувањето. Заробени сме во нашите домови со прочистувачи на воздух, надевајќи се дека ова нема да влијае на здравјето на нашите деца во иднина“, вели Игбал.

„Приморани сме да им кажуваме на децата дека се суперхерои за да ги носат маските. Претешко е и претажно да му се објасни оваа ситуација на дете“.

Скопје – град со повеќе од половина милион луѓе, лоциран во центарот на Балканскиот полуостров, Светската здравствена организација (СЗО, на анг. WHO) го рангира меѓу градовите во Европа со највисока концентрација на штетни фини честици (ПМ) 2.5 во воздухот, објавено е денес на сајтот на UN Environment.

„Фините честици со големина до 2.5 микрометри вклучуваат палета од компоненти, како нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прав и црн јаглерод – кои претставуваат ризик по човечкото здравје. Поради нивната мала големина, тие навлегуваат во белите дробови и познато е дека предизвикуваат срцеви, белодробни и други заболувања.

Последните податоци на СЗО за 2018-та, во Скопје покажуваат средна вредност на ПМ 2.5 честици од 40 микрограми на кубен метар – четири пати над препорачаното ниво на 10µg/m³.

Во однос на средната концентрација на двете заедно – и ПМ 10 и ПМ 2.5 честици, Датабазата за амбиентално загадување на СЗО за 2018-та (World Health Organization Ambient Pollution Database) го рангира Скопје како најзагадениот главен град во Европа, пишува UN Environment.

Згора на тоа, Скопје доживува нагли скокови во аерозагадувањето. Да земеме еден ден за пример: на 13 ноември 2018-та, Европската агенција за животна средина (ЕЕА) квалитетот на воздухот во скопската општина Карпош го оцени како „многу лош“. Регистирани беше концентрација од 104.6µg/m3 на ПМ 2.5 честици – повеќе од 10 пати над препорачаното ниво од СЗО.

Организацијата проценува дека 2.574 луѓе умираат од прерана смрт во земјата (мислат на Македонија) годишно, поради загаденост на воздухот.

Понатаму текстот зборува за причините за загадувањето во Скопје, како и за „неодговорените повици на граѓаните за изнаоѓање решенија“. Прочитајте ТУКА.

ФОТО: Ројтерс

- Реклама -