На расправата за загадувањето Шилегов играше игри на мобилен (ВИДЕО)

За време на комисиската расправа во Собранието на тема аерозагадување, која се одржа по барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, камерата на Пресинг ТВ го улови скопскиот градоначалник Петре Шилегов како игра игри на мобилниот.

Додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Влатко Ѓорчев, Шилегов беше, барем навидум, посветен на Helix Jump.

Судејќи по реакциите на социјалните мрежи, многумина од граѓаните тоа го сфатија како крајна незаинтересираност на градоначалникот. Веројатно не ја играле играта, затоа…

- Реклама -