Берлин ќе го прогласи 8-ми март – Меѓународниот ден на жената, за државен празник

По предлог на берлинскиот градоначалник – Михаел Милер, Берлин е на пат да стане првата германска држава каде Меѓународниот ден на жените – 8 март, ќе биде прогласен за официјален државен празник. Ваквата симболична иницијатива ќе го претстави Берлин како лидер во препознавање на женските права и достигнувања, а во пракса ќе значи дека за работничките во најголемиот дел од приватните компании и државните институции тој ден ќе биде слободен, т.е. неработен ден.

Предлогот на Милер, како од владата, доби поддршка и од владејачката коалиција на социјал-демократите (SPD), левичарските и зелените партии. Лидерката на „Зелените“ – Nina Stahr, изјави дека „посветеноста на женските права и еднаквоста е дел од ДНК-та на Зелените, и дека се воодушевени што во парламентот има мнозинство за оваа иницијатива.

Иако градот-држава Берлин е само една од 16-те германски држави, како главен и најнаселен град во земјата, ќе значи дека афектирани ќе бидат милиони и милиони работници, а со самото тоа и симболиката е позначајна. Освен тоа, примерот на Берлин можат да го следат и другите држави. Надежите се дека иницијативата ќе биде имплементирана веќе до 2019-та. Ќе биде тешко, но е можно, а каде што има волја има и начин, вели Stahr.

Германските држави имаат право самостојно да прогласуваат свои државни празници. Така на пример, Берлин има четири помалку празници од Баварија, а во државите кои се традиционално „покатолички“ области – има повеќе верски празници.

Извор: DW

 

- Реклама -