Многубројните поплаки и пријави од граѓаните поради енормното загадување од Цементарница УСЈЕ, особено на социјалните мрежи, го натераа Инспекторатот на Град Скопје да поднесе барање за вршење на инспекциски надзор и утврдување на состојбата.
Се работи за инсталација која што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренции на Државниот инспекторат за животна средина.
ДИЖС треба во најкраток временски рок да изврши контрола и неопходни мерења во акредитирана лабораторија и да ги достави резултатите.