Нема амнестија за учесниците од 27 април

На денешната 66. седница, на дневен ред се најде предлог-законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за насилствата во „Крвавиот четврток“ од 27 април 2017-та. Предлогот беше поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, според кои истиот е предуслов за вистинското национално помирување на кое се надева актуелната власт.

Сепак, мнозинството пратеници го отфрлија предлогот. За усвојување на овој предлог-закон гласаа 25 пратеници, додека „против“ гласаа 59 пратеници.

Како што истакна собранискиот спикер Талат Џафери, по денешното гласање веќе нема да се дебатира по однос на овој предлог-закон.

- Реклама -