За „небавење со граѓаните“ министерот за животна средина го плаќаме 72.5 илјади денари месечно

Вчерашната изјава за „Сител“ на Министерот за животна средина и просторно планирање – Садула Дураки, се покажа како добар освестувачки шамар за граѓаните за тоа кого сé поставуваме на функција, и тоа на функција чие (не)работење на полето на аерозагадувањето има директна последица врз нашите животи и здравје, за што секој ден читаме од домашните и светските медиуми.

Реакциите на изјавата не стивнуваат. Откако министерот порача дека „Македонија не е Швајцарија“ и дека „тој не се бавел со граѓаните“, граѓаните неизбежно почнаа да (се) прашуваат зошто тие не се бават со министерот, кога веќе е мистерија со што се бави тој, зошто го плаќаме, и зошто воопшто е министер.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Додека трае мистеријата, Дураки ќе продолжи да зема нето плата од 72.821 денари месечно, според алатката за отчетност на Владата, пренесува е-Магазин.мк.

- Реклама -