Саудиската пустина се претвори во море (ВИДЕО)

Изминативе денови, почнувајќи од 10 ноември, Саудиска Арабија бележи незапамтени дождови кои пустината ја претворија речиси буквално во море.

Во невремето и поплавите се оштетени многубројни објекти и куќи, 4.000 лица биле евакуирани, а 30 го загубија животот, пренесува саудискиот Saudi Gazette.

Од друга страна, друштвените мрежи се полни со снимки на кои се прикажани ретките глетки од пустината прекриена со вода. За разлика од поплавените градови, каде сепак можат да се дефинираат улиците, поплавената пустина изгледа како едно големо калливо море. На други снимки се гледаат камили кои наместо по песок одат по вода. Локалните жители велат дека не паметат ваква непогода во пустинската земја.

- Реклама -