Унгарските медиуми, цитирајќи го „Хунгариан Тајмс” кој се повикува на владини извори и на извори во Канцеларијата за имиграции и азил, пренесува 24info.mk, денеска пишуваат дека е донесена одлуката за азил на македонскиот експремиер Никола Груевски во Унгарија.
Засега не се открива дали барањето за азил е прифатено или не, но тоа нема многу да промени во однос на барањето за екстрадиција што Македонија ќе ѝ го испрати на Унгарија во теков на денов или најдоцна до утре, како што најави министерката за правда Рената Дескоска-Треневска. Документацијата е подготвена, истакнува таа, и ќе биде испратена без оглед дали на Груевски ќе му биде одобрен азил. За министерката нема сомневање дека постои правна основа Македонија да бара екстрадиција, пренесува Макфакс.